Monday, February 22, 2016

                                                                 Оливер Твист
                                                        
                                                                                                                             Чарлс Дикенс



                           Во оваа книга се зборува за животот на малиот Оливер Твист. Откако Оливер дошол на свет, неговата мајка починала, а со оглед на тоа што не знаеле кој е таткото, малото новороденче го примиле во сиропиталиштето.
                           А, таму по некои нови мерки, децата биле изгладнувани и се обидувале да изнајдат начин како да добијат уште малку од кашата, која ја јаделе секој ден. Кога управителот и одборот слушнале за тоа се запрепастиле, го фрлиле во тесна келија и го изгладнувале и мачеле. Веднаш по тоа објавиле оглас во кој пишувало дека кој ќе го земе Оливер во својот дом, ќе му дадат парична награда од 5 фунти.Еден ден сопственикот на едно погребално претпријатие го земал Оливер кај себе како помошник. Но, таму, во домот на сопственикот на претпријатието не било лесно да се живее. Кутриот Оливер, го тепале, го изгладнувале, го мачеле и навредувале. Но, гордостана Оливер не му наложувала да остане таму и секој ден да ги слуша безмилоснитенавреди и избегал. По седум дена пешачење без вода и леб, Оливер стигнал до некое мало градче по име Бернет и таму сретнал едно момче кое му понудило да појде заедно со него во Лондон, ветувајки му пари и солидно живеалиште. И, Оливер тргнал со тоа момче чие име било Џек Докинс. Во Лондон, во куќата на Џек, сите го примиле срдечно Оливер. Всушност, најстариот Фејгин, Џек и останатите деца биле крадци. Еден ден, Џек заедно со Оливер отишле да ограбат некого, но сето тоа на Оливер му било нејасно. Забележале еден прилично стар господин кој разгледувал книги на една тезга. Џек му се прикрал на господинот и го ограбил. Почнал да бег, а Оливер незнаејки што да прави почнал со сета сила да бега и додека да сфати што се случува, половина град се втурнал во брканица со малите крадци! На крај го фатиле Оливер и го однеле на суд. Тој имал треска и се онесвестил во судот. Еден сведок раскажал дека кутриот Оливер воопшто не бил виновен и откако го ослободиле, ограбениот господин Браунлоу го повел со себе во својата куќа за да го излекува. Откако оздравел, Оливер отишол во градот за да направи услуга на господинот Браунлоу, да ја врати книгата која тој во моментот на грабежот ја понел со себе. Но, таму едно од крадците на Фејгин го грабнало Оливер и повторно  го однеле во нивната куќа. Повторно заминале да крадат од поголема куќа, но тоа завршило неуспешно, а Оливер го раниле во едната рака. Трчал во најблиската куќа каде бил примен и лекуван. За тоа време, во Лондон некој човек по име Манкс се распрашувал за малиот Оливер, а бидејки тој му бил полубрат, се обидувал да смисли како да го убие и да го земе наследството кое му го оставиле починатите родители. Господинот Браунлоу, подоцна дознал за тоа и поврзувајки ги сите точки и настани добил јасна претстава за потеклото на Оливер. Ги фатил во стапица Фејгин и Манкс и ги принудил да се откажат од злобните намери. Го посвоил Оливер и го научил на многу поучни работи.
           Страдањата не го исплашиле малиот Твист, туку напротив, го поттикнале да се впушти во барање на подобар живот. 


Тема:Тешкиот живот на Оливер Твист

Идеја:Што и да ни се случи во животот, нетреба да се откажеме, туку треба да се впуштиме во барање на подобар живот.

Место:
-во сиропиталиштето
-во куќата на сопственикот на погребалното претпријатие
-во Лондон
-во куќата на г-дин Браунлоу
-во куќата на Фејгин

Време:Животот на Оливер

Опис на ликови:
Оливер Твист-кој е главната улога во романот, бил ниско плаво дете на возраст меѓу 8 и 10 години. Бил добродушен и наивен мислејки декасите луѓе на светот се добри. Карактерот на Оливер е прилично интересен затоа што тој на многу мала возраст успеал да најде решение за сите потешкотии. И покрај се што доживеал и сите неправди кои му биле нанесени, тој храбро продолжил да се бори за правдата.
Г-дин Браунлоу-стариот г-дин кој го посвоил Оливер бил маж во своите 60 години. Неговиот карактер бил едноставен- добродушен човек со меко срце. Секогаш бил уредно облечен и подготвен да се бори за најдоброто.
Г-дин и г-ѓа Бамбл-тие биле двајцата сопственици на сиропиталиштето и главно одговорните за првенствените страдања на Оливер. Подоцна, откривајќи ги нивните злобни намери, г-дин Браунлоу им поставува услов:Или ќе бидат добри кон сираците, или нивните намери ќе бидат откриени

1 comment:

  1. 1xbet korean - legalbet.co.kr
    1xbet korean bet is a 바카라 popular poker game, and it allows you to play for real money. There are several online 샌즈카지노 poker websites 1xbet out there that offer games

    ReplyDelete